На маргините на Четвртата конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа која заврши денес во Сараево, БиХ, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски оствари средба со раководителот- шефот на Антена канцеларијата во Сараево на Регионалниот центар за ЈИЕ за наука и култура на УНЕСКО од Венеција, Синиша Шешум. На средбата биле договорени следните активности во рамки на спроведувањето на Акцискиот план за постапување по одлуката која се однесува на состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион, донесен на 41 сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Краков, Полска во 2017 година.
На средбата се дефинирале и насоките за ревидирање и деблокирање на средствата наменети за функционирањето на Регионалниот центар за дигитализација на УНЕСКО во Република Македонија, со цел да се овозможи негова целосна функционалност согласно стандардите на останатите канцеларии на УНЕСКО во регионот. Освен тоа, министерот за култура го потврдил интересот за вклучување на Република Македонија во проектот „Индикатори за културен развој (ЦДИС)“, кој има за цел преку статистика и анализа на конкретни индикатори да ја потврди улогата на културата како значаен фактор за одржлив развој. За овој проект ќе се обезбеди експертиза и финансиска поддршка од страна на УНЕСКО, информира министерството за култура.
OhridNews












