Српскиot портал за патување „СуперОдмор“  го вклучи Охрид во специјалната понуда во април, во која туристичкиот бисер на Македонија се нуди заедно со албанскиот приморски град Драч.

Како што пренесува „Блиц“ аранжманот вклучува три ноќевања на основа полупансиони со автобуски превоз, две во Драч и едно во Охрид по атрактивна цена од 129 евра, доколку се резервира веднаш, односно 138 евра по лице.

Во сторијата на „Блиц“ се посочува дека Драч е пристаниште на Јадранското Море и еден од најстарите градови во Албанија, а за древниот Охрид дека има 365 цркви и манастири поради што со право го носи епитетот Балкански Ерусамим.

OhridNews