Украсувањето на улиците во градот продолжува со несмален интензитет. Викендов новогодишно руво добија и улиците „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Батаљонот Мирче Ацев“  „Марко Несторовски“, „Питу Гули“, „7-ми Ноември“ и други. Во новогодишен амбиент украсени се и повеќе излози од продавници и дворови.


Охрид во празничен амбиент

Украсувањето на улиците ќе продолжи во наредните денови, по што ќе започне новогодишното уредување на плоштадот и чаршијата. Покрај старите ќе бидат набавени и нови реквизити кои ќе го разубават новогодишниот амбиент во центарот на Охрид, кој минатата година беше прогласен за најубаво украсен град на Балканот.

Ohridnews