Ракометартите на Охрид во 8 коло од Супер лигата гостуваат во Прилеп кај истоимениот домаќин.

Голманот на „гладијаторите“ Бојан Блажески вели дека Охрид сериозно се подготвува за натпреварот кој, според него, ќе го реши одбраната.

Бојан Блажески – ГРК Охрид. Фото: Анамарија Момироска.

Напорно работевме оваа недела после успешно поминатото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Се подготвуваме, анализиравме. Главен акцент на натпреварот ќе биде ставен на одбраната што ќе ни помогне во транзицијата во играта. Се надеваме на позитивен резултат, изјави Блажески.

Натпреварот Прилеп – Охрид во саботе ќе се одигра во спортската сала „Ристе Ричкоски – Ричко“ со почеток во 18:30 часот.

Г.М.
Фото: А. Момироска