Македонија од септември 2011 ќе се најде во туристички пакет аранжман пред јапонските туристи. Одлуката да се стави Македонија во туристичката понуда од страна на јапонските тур-оператори е донесена по неодамнешната неколкудневна посета на Македонија од страна на  претставници на најголемите јапонски тур-оператори, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

За време на престојот тие посетиле повеќе локации во Македонија и оствариле средби со македонски хотелиери. Посебен интрес покажале за Охрид, Битола, Хераклеја, Скопското Кале, фолклорот и културата.

По првата пакет понуда за септември, се најавуваат проширени пакет аранжмани за 2012 година.

OhridNews
извор: Makfaks