Со свечено дефиле на учесниците, синоќа во Охрид започнаа 23-те староградски средби.

Годинава на фестивалот учествуваат реномирани анасмбли, како националната гордост „Танец“, а од Скопје доаѓа и  Државното музичко училиште. Како гости на фестивалот ќе настапат членовите на ансамблот „Носталгија“ од Албанија, а од Охрид познатиот естраден уметник Петар Нечоски, Охридскиот градски хор, „Распеани Охриѓанки” и други.

Охридскиот фестивал на староградски песни е востановени во 1974 година. Непрекинато се одржувал до 1994 година, а возобновен е во 2008 година.

Фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура.

OhridNews