Охрид и охриѓани подготвени за денешниот кошаркарски натпревар на европското првенство во Литванија, во кој реперзентацијата  на Македонија ќе се бори да освои бронза.



Поголемиот број од кафулињата се украсени со македонски знамиња и постери со кошаркарскиот тим на Македонија. Македонски знамиња можат да се забележат и на дел од терасите од зградите и куќите низ градот, а во охридската чаршија побарувачката за нив деновиве е голема како никогаш досега.


Навивачите веќе почнаа да ги полнат кафулињата од каде ќе го следат натпреварот.

OhridNews