Според најавите на туристичките работници Охрид за претстојните празници ќе биде целосно исполнет. Во хотелите речиси и да нема слободни места. Најбројни ќе бидат гостите од соседните Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора, а Нова година во Охрид ќе ја слават и туристи од Израел и далечната Кина.
Задоволни од најавите се и угостителите.
-Туристите ќе бидат од регионот од соседните земји како и секоја година таа традиција не е нарушина, Секој од објектите ќе дава поволности за збогатување на туристичката понуда на градот.-изјави неодамна Михаил Мишев – претседател на Еснафот на угостители.
Михаил Мишев
Туристичките работници и градот најавуваат атрактивна понуда и за Божиќните и богојавленските празници. Така сместувањето со доручек за Водици во дел од охридските хотели ќе чини од 10 – 12 евра, а угостителите ќе нудат попусти и до 30 проценти.
OhridNews