Охрид за Велигденските празници е полн со туристи. На шеталиштата и во угостителскките објекти може да се чуе српски, бугарски, албански, грчки, но и германски, англиски, холандски, норвешки….. Сретнавме и гости од далечниот исток, а во голем број присутни се и домашните гости.
-Хотелските капацитети на ривиерата се исполнети над 70 отсто, што е одлично за овој период од годината. Може да кажеме дека туристичката сезона во Охрид полека започнува, а според најавите и договорите кои што ги имаме склучено очекуваме таа да биде подобра од претходната.- изјави Љупчо Цветаноски од хотелот „Климетица“, чии капацитети викендов се целосно мисполнети.
Задоволни се и угостителите, чии капацитети одамна не биле испонети како овој празничен викенд, а зголемен е прометот и во продавниците за продажба на сувенири и занаетчиските дуќани во чаршијата.
За празникот воведени се дежурни смени во градските јавни претпријатија, а зголемен е ангажманот и на сообраќајната полиција која се справува со зголемениот број возила.
Се очекува вечерва илјадниците гости и охриѓани да ги исполнат црковните храмови каде ќе се служи Велигденска литургија по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
OhridNews