“Климент Охридски и школата на хуманизмот” е книгата од Никола Бошале што ќе биде промовирана вечерва во изложбениот салон на Центарот за култура “Григор Прличев” со почеток во 20 часот.Во галеријата “Робевци”исто така вечерва од 20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложбата на графики “Магија на природата ” од Ирена Дурлевиќ, академски сликарка од Скопје. Изложбата ја организира Заводот за заштита на спомениците и Народен музеј -Охрид.
					



							






