Вo среда на 6 ноември со почеток во 19 часот охридските ракометари на домашен терен ќе се сретнат со струмички Зомимак во осмата рунда од Супер лигата.

За охриѓани кои не се предаваат предвреме ова е последен натпревар пред домашната публика за првата полусезона од Супер лигата.
Во четирите натпревари одиграни пред охридската публика избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски имаат забележано три победи и едно реми.
Мх.П.










