Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио утре (16 мај) полни седум години откако започна да се емитува во радискиот етер. Низ годините се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни седум години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели. Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнува и Дџ Тони Џомба.
Во текот на утрешниот ден се подготвува посебна, роденденска програма во редовниот термин на емисијата од 08-12 часот.