OhridNews доделува 10 влезници за охридската премиера на најновиот македонски филм„До Балчак“ на режисерот Столе Попов, кој ќе се прикажува вечерва, 3-ти ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Се што треба да направите е да ја посетите нашата фан страна на Facebook, да го споделите постот со наградната игра со вашите пријатели, да го лајкувате и во коментар да ги оставите вашите лични податоци.

Десетте добитници кои ќе бидат избрани по случаен избор ќе бидат објавени до 17 часот, а гратис влезниците ќе можат да ги подигнат од билетарницата на Центарот за култура половина час пред почетокот на проекцијата.

„До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, а директор на фотографија е Апостол Трпевски. Музиката во филмот е дело на Дуке Бојаџиев, сценограф е Миленко Јеремиќ, а костимограф Емилија Ивановска. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.

Проекцијата на филмот ќе започне во 20 часот, а влезот чини 100 денари.

Кино проекции ќе има од 3-ти до 6-ти и од 10-ти до 12-ти ноември.

OhridNews