Нашиот електронски весник OhridNews е номиниран во три категории во рамки на изборот „Сајт на Годината 2014“.
OhridNews се наоѓа во листата за избор на „Најдобар сајт за 2014 година“, „Најдобар сајт според дизајн “ и „Најдобар сајт за вести и информации“.
Он-лајн гласањето за избор на најдобар сајт веќе е започнато и ќе трае до 5-ти декември 2014 година. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.
Вашата поддршка може да ни ја дадете на овој линк .
Изборот „Сајт на Годината 2014“ се одржува по петти пат оваа година и e во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk.
-Изборот е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија, информираат организаторите.
Покрај гласовите на посетителите, за изборот на најдобрите веб сајтови одлучува и жири комисија. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите. Победниците од овој избор ќе бидат објавени на 11-ти декември 2014 година на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ во Скопје, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.
OhridNews