Најчитаниот охридски интернет портал, “ohridnews.com” е рангиран во топ 100 портали во Македонија, пред интернет страниците на познати национални медиумски куќи и специјализирани сајтови.


Според рангирањето на alexa.mk, специјализран сајт  за мерење на рејтингот на порталите во Македонија, OhridNews е единствен  информативен портал од Охрид и поширокиот регион кој е рангиран во топ 100 веб страни во Македонија.

И според глобалните анализи на Alexa.com, OhridNews e  на листата највлијателни интернет медиуми во Македонија.

Со над 20.000 уникатни посети дневно и околу 60.000 прочитани содржини на ден OhridNews се етаблира меѓу најрелевантните извори на информации во градот и земјата со исклучително висок степен на доверба меѓу читателите, чиј број секојдневно расте.

OhridNews