Целокупната екипата која е дел од театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“ од Шекспир, кој утревечер ќе го отвори 52. издание на фестивалот Охридско лето, вчера имаше своја проба на сцената на Античкиот театар. Од она што можевме да го видиме, пробната претстава течеше многу професионално и речиси без никакави пропусти. Сцената на која ќе се одржи отварањето е видно проширена, а дел од нејзината платформа во вид на крст е продолжена во предниот дел, додека во меѓупросторот на сценографијата и публиката е сместен оркестарот. Во позадината на сцената е поствена соодветна конструкција која наликува на дворец и низ која постојано поминуваат различни светлосни ефекти.
Овој интеранционален проект кој е во режија на Дејан Пројковски ги обединува театарот, операта, балетот и музичката уметност. Носител на проектот е Битолскиот народен театар, во копродукција со Македонската опера и Балет и театарот „Вера Комирсажевскаја“ од Санк Петербург – Русија. Во проектот се вклучени и Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, а зад целокупната продукција на претставата стои НУ Охридско лето.
– На сцената ќе имаме минимум 30 актери, 70 музичари, оркестар, хор, 40-на балетски уметници, циркуски акробати, оперски пејачи, а ќе има и визуелени ефекти, истакна драмскито селектор Ѓорѓи Јолески, во рамки на презентирањето на годинешната програма на Охридско лето, за годинава .
Отварањето на фестивалот ќе се одржи утре на Античкиот тетар со почетокт во 21 часот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com