Австриецот Рикардо Зоидл тирумфираше на 65. издание на “Трката низ Австрија“, популарната “Ö-Tour”. Зоидл (25) победи на 1.115 км долгата трка поделена во 8 етапи за само 33 секунди пред Александар Дјатченко  од Казакстан и Кевин Силдрајсерс од Белгија двајцата од тимот на Астана. Ова беше прва домашна победа по пауза од пет години, последен австриец кој триумфираше беше Томас Рорегер во 2008 година.


– Сигурно ова е најдобриот момент во мојата кариера. Се чувстувам како камен да ми паднал од срце – рече новиот првак Зоидл.

М.П.