Денеска за прв пат на OhridNews започнува емитувањето на серијалот емисии насловен како „Охридски разговори“. Во оваа емисија која ексклузивно ќе се емитува еднаш неделно на водечкиот интернет медиум во поширокиот регион, ќе разговараме со еминентни соговорници, на интересни теми и за области во кои тие се докажале. Покрај тоа, ќе отвараме и актуелни прашања, во интерес на граѓаните и ќе бараме одговори на заедничките проблеми. Проектот OhridNews го реализира во соработка со „Лабино продукција“.
OhridNews Tv стартува со „Охридски разговори“
Првиот од серијата „Охридски разговори“ го водиме со охриѓанецот Петар Поповски, електроинженер, доктор на науки, чија специјалност се телекомуникациите. Професор е на Универзитетот во Алборг Данска, каде е омилен меѓу студентите. Добитник е на наградата „млад елитен истражувач на годината“, има патентирано повеќе изуми и одблиску го следи развојот на комуникациите кои денес го движат светот. Како талентираното момче од Охрид стигна во светскиот научен врв? Во кој правец се развиваат современите комуникации, дли стануваме зависни од техниката, како Интернетот ги надмина другите медиуми?. Зошто Викиликс го потресе светот? Што знаеме за паметните телефони и колку ни е загрозена приватноста? – дознајте во првото издание на “Охридски разговори“ со Петар Поповски на Ohridnews Tv.