Високото реноме и углед, кој Оhridnews го ужива во јавноста, го потврдуваат и статистичките податоци на интернет провајдерот Google, според кои во месец ноември нашиот интернет портал го посетиле преку 100.000 читатели (IP адреси).

Со преку 400.000 разгледани содржини во ноември Ohridnews, е убедливо најчитаниот електронски весник кој објавува информации од јавниот, политичкиот, културниот и спортскиот  живот во Охрид, но и актуелни теми, вести и занимливости од земјата и светот. Просечната дневна посетеност на Ohridnews е над 3800 IP адреси (еден компјутер една IP адреса) со што е далеку најпосетуваниот интернет портал не само во Охрид, туку и во поширокиот регион.


Ohridnews е далеку најчитаниот интернет портал во Охрид и регионот

Ohridnews