Електронскиот систем за следење на играчите и посебна лед технологијата се новитетите на Европското првенство во ракомет што се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка. Со воведувањето на модерната технологија, ракометот е рамо до рамо до останатите спортови кои исто така не останаа имуни на „смарт“ ерата која навлезе длабоко во порите на нашиот живот.

Електронски систем за следење на играчите

Новина на овој шампионат е и електронското следење на движењето на ракометарите на теренот. Целта е да се обезбедат уште повеќе статистички информации. Исто така овој систем е поврзан и со паметната топка на Селект, во која има чип кој праќа информации за брзина на шутот, во кој дел од голот топката ја минала гол линијата итн.. Чипот за следење на играчите е прикачен на нивните дресови, и тежи само 14 грама. Тој праќа податоци за одиграни минути, најбрза контра, највисок скок, број на одбрани. Сите податоци се достапни за гледачите во салата но и за љубителите на ракометот покрај малите екрани.

Лед технологија на гол линијата

Видеотехнологија е се по присутна во спортот. Америчкиот фудбал, НБА, хокејот, тенисот, фудбалот, а од пред неколку сезони и во ракометот се користи оваа алатка за да се отстранат сите дилеми околу регуларноста на натпреварите. Новина на првенството во Виена е “лед технологијата” на гол линијата која се применува за време на натпреварите. При секој прекин на играта од страна на делегатот на мечот (тајм аут, крај на полувреме, крај на мечот) се палат светлата на гол линијата. Целта е сите присутни да добијат уште еден сигнал дека времето е запрено. Исто така судиите и гледачите имаат добар поглед дали голот бил постигнат во регуларно време или после свирежот.

Електронско барање на тајм аут

Ова не е новитет, но функционира одлично. Секој еден тим за време на мечот со притискање на копче на записничката маса може да повика тајм аут. Копчето е автоматски поврзано со семафорот и со самото притискање на истото се слуша сигнал кој означува прекин на играта и се запира времето. Во случај на манипулација со сигналот предвидени се неколку казни. – Две минути или црвен картон за оној кој го притиснал копчето зависно дали тоа било намерно или не. – Пенал за тимот кој бил во посед на топка. – Тимот кој го предизвикал прекинот губи еден тајм аут.

OhridNews