Ракометната федерација на Македонија (РФМ) подготви одлични премии за ракометарите кои денеска против селекцијата на Украина ќе го започнат шестото учество на Европските ракометни собири. РФМ како мотивација подготви одлични финансиски премии за ракометарите.

Премијата за пласман во следната рунда изнесува 30 000 евра, а за пласман со прво место во групата премијата ќе изнесува 40 000 евра. Билет за учество во олимписките квалификации на ракометарите ќе им донесе дополнитени 30 000 евра.

Македонија денеска игра против Украина, а в недела ќе се сретне со Чешка. Во третата и последна рунда од групната фаза ќе ги одмери силите со Австрија.

OhridNews