На предлог на Романо Проди, поранешен италијански премиер и претседател на ЕК, ќе се објави Зборник и видео издание на Охридска академија на хуманизмот, по одржаната Мегународна Конференција:„Охридскаташкола на хуманизмот, од Средниот век до денс, во Европа и во светотот“. Зад изданијата ќе застане угледната институција – Архив на Европската унија, со која претседава Романо Проди, додека промоцијата ќе се одржи во Фиренца, Италија.

Онлајн конференцијата „Охридската школа на хуманизмот, од Средниот век до денес, во Европа и во светотот“, годинава, на едно место собра над 40 учесници, видни интелектуални, универзитети и политички величини, кои го одбележаа јубилејот – 15 години од Свеската награда на хуманизмот.

Со ова меѓународно признание Охрид и Македонија, ги овенчаа бесмртните имиња на светската култура и наука, меѓу кои на: Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел де Оливеира (Португалија) нобеловците Александр Солжењицин (Русија) и Херта Милер (Германија), потоа Рави Шанкар (Индија) Питер Брук (Велика Британија) Џон Ралстон Сол (Канада), Светлин Русев (Бугарија) Романо Проди (Италија), Вида Огненовиќ (Србија), Георги Старделов (Македонија) и овагодишниот добитник Академик Абдулах Шарчевиќ (Босна и Херцеговина).

На Конференцијата свое обраќање имаше и претседеталот Стево Пендаровски, во кое тој го подвлече трисет годишното дејствување на Охридска академија на хуманизмот, која „во современ контекст, всушност, го продолжува делото на Свети Климент Охридски“.

Годинешниот добитник на Светската награда на хуманизмот, академик Абдулах Шарчевиќ од Сараево, исто така, Македонија и Охрид ги издвои како духовна светлина, која ке го покажува патот на хуманизмот во филозофијата на хуманизмот во Европа и светот. И градот Охрид, не останува должен. За следната година е предвидено, по официјалната одлука на Советот на општина Охрид, да се инаугурира Спомен обележје кај Долна Порта, со имињата на сите досегашни добитници, заедничко дело на Светлин Русев од Бугарија и Дарко Башески од Македонија.

Дотолку повеќе што градот е почестен со документот – Светски Апел на хуманизмот од Охрид, кој го соопштува лично Жан-Патрик од Кралскиот Колеџ, во Лондон, инаку, претседател на Европската академија на науките, уметностите и кижевностите.

Самото постоење на награда за хуманизам (Светска награда, ние го подвлекуваме овој аспект) е гордо достигнување на земјата од каде што таа потекна: Македонија. Сите ние се навративме на потеклото на самиот концептот, во малиот град Охрид, каде што се роди идејата за самиот хуманизам, за да го прославиме неговото раѓање и да ги почестиме примателите на наградата од година во година, соопшти Жан-Патрик.

Суштинска поента е дека Охридската награда оддава признание на секоја форма на човечката мисла или израз. Како луѓе, сите сме способни за хуманизам во кое и да било поле на активност, само ако го вложиме најдоброто од себе во тоа што го правиме. Без разлика дали станува збор за филозофија, ликовна уметност, литература или наука, нема област во која дополнителниот допир на квалитет, инспирација и љубов не може да придонесе за оправдување на името. Хуманизмот останува отворен кон иднината, која е суштински непозната, додека добитниците на Светската награда на хуманизмот се посветуваат себеси во корист другите, со цел човештвото да влезе успешно и среќно во подобра иднина,во којшто што досега никој не бил, додаде тој.

В. Митаноски