„Охридска банка“ објави дека изминатата 2011 година ја завршила со нето добивка од 35,1 милиони денари (570.000 евра), што претставува раст од 29,8 отсто во споредба со претходната година.

Резултатите од работењето на банката ги објави претседателката на Управниот одбор, Јитка Пантучкова наведувајќи дека „Охридска банка“ е меѓу трите банки во Македонија, кои што оствариле раст на нето добивката.

– Успехот се базира на порастот на нето банкарскиот приход за 13,5 отсто, прудентното управување на трошоците и нивна контрола, каде вкупните трошоци се зголемиле за само еден отсто, подобрениот коефициенти на трошоци на 70,9 отсто од 79,6 отсто и прифатливо ниво на нето трошокот за ризик, информираше Пантучкова.

Таа додаде дека билансот на успех на „Охридска банка“ заклучно со 31 декември изнесувал 24,3, што претставува пораст од 26,5 отсто во споредба со крајот на 2010 година.

– Со ова Охридска банка ја зајакнува четвртата позиција на голема банка во Република Македонија, изјави Пантучкова.

Вкупното кредитно портфолио на банката е зголемено за 25,5 отсто, додека депозитната база на банката се зголемиле за 32 отсто.

Од банката најавуваат дека кредитирањето активно ќе продолжи  и во 2012 година, особено на инвестициски проекти, а најавуваат и воведување на осигурување со цел да им се помогне на клиентите да се заштитат во случај на неможност да ги сервисираат кредитите.

OhridNews
извор:Makfaks