Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата обезбеди 10 милиони евра кредит од ИФЦ, членка на Групацијата на Светска банка со што ќе се овозможи пристап за финансирање на малите и средни претпријатија.

Според најавите, со кредитот дополнително ќе се зајакне поддршката на банката за малите и средни претпријатија во Македонија.

Средствата кои се одобрени на Охридска банка се наменети за финансирање на претпријатија преку систем на под-заеми и тоа за оние каде јавниот капитал, како и  странскиот капитал не надминува 49% од вкупниот капитал на друштвото.

Потенцијални корисници на под-заем се друштва кои исполнуваат најмалку два од следните критериуми: да немаат годишен обрт поголем од 15 милиони долари, да немаат актива поголема од 15 милиони долари и да немаат повеќе од 300 вработени.

Кредитите се наменети исклучиво за финансирање на инвестициони проекти – основни средства, при што најмногу 30% од под-заемот може да биде искористен за финансирање на обртни средства. Под-заемите ќе се одобруваат на износ помеѓу 10.000 УСД и 1.000.000 УСД по заем.

OhridNews
извор:Makfaks