Во Центарот за култура “Григор Прличев“, денеска премиерно ќе биде изведена монодрамата „Децата на сонцето“ – авторски проект на актерот Петар Темелковски.
Претставата која заеднички ја организираат Центарот за култура и фестивалот Охридско лето, охриѓани ќе можат да ја гледаат бесплатно.
Монодрамата „Децата на сонцето“ ќе биде изведена на малата сцена во Центарот за култура со почеток во 19 часот.











