2019-05-25 20:00 - 2019-05-25 21:30

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, кој предизвика големо внимание на светските фестивали, каде освои бројни награди, во сабота, 25 мај, премиерно ќе биде прикажан пред охридската публика.

Филмот во април се закити со награда на „Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival“, а во мај освои две награди на „Деа Филмски Фестивал“ во Тирана, Албанија.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” ќе биде прикажан во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Влез 150 денари.

OhridNews