Охридскиот ансамбл „Билјана Јуниор“, со песната „Охридска приказна“ синоќа настапи на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Гоце фест“.
Во изминативе четири години, младите охриѓани верно ги следат стапките на некогаш легендарниот ансамбл на староградски чалгии, настапувајќи на голем број манифестации од културен и забавен карактер.
Минатото лето, оваа охридска дружина беше вистинска атракција за туристите кои престојува на ривиерата, изведувајќи староградски чалгиски песни од чамец покрај самиот кеј.
OhridNews