На 20-ти септември, среда, во кафе и бар “Шила“, ќе се одржи охридската промоција на втората книга на Отец Пимен со наслов “Патувајќи“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје. 

Отец Пимен е митрополит Европски на Македонската православна црква и познат алтруист, луциден раскажувач, скеч гуру-цртач и ревносен патувач. Книгата со наслов #ПАТУВАЈЌИ е збир колумни кои нè тераат и нас самите да пропатуваме преку неговите размисли и ненаметливи совети.

На промоцијата во „Шила“ љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да се дружат со авторот на книгата и да поминат убаво време во разговар со Отец Пимен. За добрата атмосфера ќе се погрижи охридскиот сестран уметник Јован Куциноски. 

Промоцијата започнува во 20 часот.

OhridNews