Охрид беше одличен домаќин на Меѓународната туристичка манифестација Охридски денови на гостопримството и туризмот на Југоисточна Европа која се одржа од 10- ти до 12- ти септември. Ова се впечатоците на Меѓународната туристичка асоцијација за Југоисточна Европа „Сацен Интернационал“, која беше дел од манифестацијата.

Од асоцијацијата организацијата ја оценуваат на највисоко ниво, при што потенцираат дека се создала туристичка бајка која учесниците ќе ја паметат до крајот на својот живот.  При тоа од Охрид, кој важи за бисер на македонскиот и светскиот туризам испратена е преубава слика на гостопримство каква и му доликува на шампионот на гостопримството од Југоисточна Европа, велат од Сацен Интернационал.

Следната средба од овој вид закажана е за почетокот на месец март во рамки на меѓународниот саем на туризмот.

Во рамки на оваа меѓународна манифестација беше основано и здружение Друштво на пријателите на Охрид. Во него членуваат поголем дел од учесниците присутни на конференцијата. Избрано е и раководство на здружението кое е составено од претставници од неколку земји од Југоисточна Европа .

OhridNews