Општинската организација на Сојузот на борците наскоро ќе испрати иницијатива до Локалната самоуправа за именување на една улица во градот, која би го носела името на познатиот револуционер Петре Пирузе – Мајски.
Како што потенцираат од Сојузот на борци, Пирузе- Мајски е значајна личност за Охрид и Македонија, чие име е длабоко врежано во македонската историја.
Борците се надеваат дека Локалната самоуправа позитивно ќе одговори на нивната иницијатива и дека наскоро една од охридските улици ќе го носи името на Петре Пирузе.












