Познатиот етно состав Љубојна, вечерва ќе одржи бесплатен концерт на Античкиотн тетар во Охрид. Покровител на концертот е градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, во соработка со фестивалот Охридско лето
-На Античкиот театар ќе се одржи охридска вечер со етно составот Љубојна, спектакл со многу музичари и гости кои на публиката ќе им ја доловат прекрасната македонска музика – истакна на денеска одржаната прес конференција секретарот на општина Охрид Спасески.
Членовите на „Љубојна“ се заблагодарија на општина Охрид за поддршката на живата македонска современа култура , најавувајќи концерт за уживање.
– Вечерва преку еден убав брасс оркестар, со еден убав дувачки звук ќе бидат изведени бисерите на нашата лирска егејска песна по која се познати Љубојна, а тоа се „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Крена Мартината“ и други – истакна Вера Милошеска, члена на групата „Љубојна“.
Младиот струмичанец Џамбо Агушев, кој ја има тутулата „прва труба на светот“, ќе биде гостин на концертот а програмата ќе биде збогатена и со настап на играорците од КУД Илинден од Битола.
Концертот на групата „Љубојна“ на Античкиот театар ќе започе во 22 часот.