Охридската библиотека и понатаму оставена на маргините
10.12.10 08:55
Со ограничени средства за работа, премал простор и персонал многу помал од потребниот, веќе подолг период опстојува Националната установа, охридската библиотека “ Григор Прличев”.
Потценети сме од централната, а не добиваме помош ниту од локалната власт, вели првиот човек на охридската библиотека, Тоде Илиевски.
– Потценети сме во однос на средствата за набавка на нова литература. Висината на средствата кои ни се доделуваат од страна на министерството за култура се еднакви како и оние кои им се доделуваат на најмалите библиотеки во земјава, а при тоа сме една од четирите национални установи. Според правилникот треба да располагаме со околу триесеттина вработени, но сега имаме едвај десеттина. Секако, поради недостигот од простор не постои ни можност за дополнително вработување од проста причина што нема услови каде тие да работаат, вели Илиевски и додава: – Имаме впечаток како сите да подзаборавија на нас и нашите потреби и буквално подолг период едвај опстојуваме, чекајќи надлежните да се сетат и помогнат проблемите конечно да се решат.
Илиевски потенцира дека не е важно на која политичка партија и припаѓа локалната власт или централната, но смета дека националната установа е од големо значење за градот и затоа е важно заедно, што поскоро да се изнајде решение за проблемите и конечно Охрид да може да се пофали дека има современа библиотека која функционира во нормални услови за работа.
Библиотеката функционира во простор од околу 250 метри квадратни. Тука се сместени и книгите и администрацијата. Не располага со читална, каде што читателите би можеле да читаат книги, а исто така тие немаат пристап за подетално и самостојно разгледување на книгите кои се на располагање, па позајмувањето се одвива исклучиво преку шалтерот, кој е поставен за таа намена.
Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ја одбележаа 83...
На 03102026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 38-годишно лице од Охрид Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга По целосно документирање на настан...
Проектот за реконструкција на кеј „Македонија“ е во завршна фаза Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се уреди кејот и ќе добие нов изглед и организиран начин на поставување н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.