Претставници од Националната Установа – Библиотека “Григор Прличев”, деновиве учествуваат на меѓународен семинар кој се одржува во Птуј, Република Словенија, на кој ќе се разговара на неколку теми меѓу кои и за јазикот, традицијата, обичаите во земјите од кои доаѓаат учесниците .
– Ќе ги запознаеме учесниците со историскиот развој, претходната работа и сегашните, тековни проекти и активности на библиотеката „Григор Прличев”, вели директорката на охридската библиотека, Александра Белевска.
На семинарот кој е во организација на Европската Унија, покрај претставниците од Охрид, учествуваат и претставници од библитеки во Србија, Хрватска, и Босна и Херцеговина.












