Денес, директорот на библиотеката „Иван Потрч“ од Птуј, Матјаж Неудауер ја посети охридската локална самоуправа, каде беше пречекан од страна на претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески.
По оваа средба, гостите од Словенија ја посетија и НУ Библиотеката „Григор Прличев“ каде беа пречекани од директорката Александра Белеска.
– Задоволство ми е што гостите од словенечкиот град Птуј и директорот на библиотеката ја посетија нашата установа. Учеството на саемот во септември преставува убава можност за размена на меѓусебни искуства со останатите учесници од библиотеките од останатите збратимени градови на Птуј, вели директорката Белеска.
Саемот на библиотеките во Птуј , кој ќе се одржи во септември, покрај за библиотеките ќе има и посебни штандови за презентација на збратимените градови.