Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски до неодамна проректор на УКЛО, а сега професор на Филозофскиот факултет од Скопје од Охрид ја започна акцијата да подели бројна стручна универзитетска авторска литература од областа на безбедноста и меѓународните односи во сите јавни и универзитетски библиотеки.

Книгата да стигне до секој за да го зголемиме знаењето и безбедносната култура. – изјави Ѓуровски објаснувајќи ја целта на акцијата и посетата на Охрид.

На средбата со Директорот на НУ Библиотека “Григор Прличев” Милчо Јовановски се говореше за Охрид, поранешното радио, библотекарството и идни проекти на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид и Универзитетот, посочува Ѓуровски.

Охридската библиотека е побогата со над 5 наслови стручна универзитетска литература во авторство на професорот Марјан Ѓуровски во најмалку по десетина примероци.

OhridNews