Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“ во категоријата Национални установи од областа на библиотекарството.

И така. Стигнавме до признанието „Библиотека на годината“ во категоријата на Национални установи од областа на библиотекарството. Ангажманот на сите колеги и излегувањето од комфорната зона го донесе успехот препознаен од колегите – членови на Комисијата. Библиотеката е нашиот втор дом, а читателите се нашето пошироко семејство. Городоста е поголема, бидејќи признанието стигна во годината кога одбележуваме седум децении откако Библиотеката го носи името на поетот и преродбеник Прличев!, вели директорот Милчо Јованоски.

Во категоријата основни училишта признанието го добило основното училиште со ресурсен центар „Иднина” од Скопје, а во категоријата средни училишта признанието му припадна на средното училиште „Јосип Броз Тито” од Битола.

Признанието на Библиотеката ќе и биде доделено на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 14.00 часот.

OhridNews