Во чест на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година, утре – напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи традиционалната свеченост посветена на книгата.
Овој датум е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.
Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.
Во нашата Библиотека во Охрид утре од 12.00 часот ќе бидат избрани најчитателите во двата оддели – за деца и за возрасни, а на над 30 охриѓани и граѓани од цела земја ќе им бидат врачени благодарници за книгите кои во текот на 2022 година ги донирале во Библиотеката, информираат.

Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата!- порачуваат од Библиотеката.
OhridNews














