Реконструкцијата на старото крило во охридската болница се одвива со ‘„полна пареа“’. Работниците и механизацијата интензивно ги извршуваат градежните работи, а за да се стигне на време се работи и преку викенди. 

 
Директорот на Општата болница во Охрид, Љубен Арнаудов вели дека е задоволен од динамиката на градежните активности и се надева дека градбата ќе биде комплетно завршена пред почетокот на зимата.
– Задоволни сме од сериозноста и ангажираноста на изведувачот ,,Виа” од Вевчани, кој до сега ги испочитува сите договорени работи и рокови Доколку градежните работи се одвиваат како до сега и доколку нема непредвидени проблеми се надеваме дека новиот болнички блок ќе  биде комплетно завршен некаде во  месец ноември 2012. Но сметам дека целта не треба да биде објектот  да се заврши побрзо туку треба да се води сметка за квалитетот на работата, значи важно ни е да добиеме квалитетна градба, вели Арнаудов. 
Тој нагласи дека објектот се гради по сите современи стандарди на градежништво и се почитуваат сите детали кои ги пропишува проктната документација.

Инаку реконструкцијата на старото крило на охридската Општа болница во кое беа сместени одделенијата за хирургија, урологија, гинекологија и уво, грло и нос започна во октомври 2010 година. Градежните зафати беа стопирани, поради големи пропусти на претходните изведувачи.
OhridNews