Компанијата „Аутомотив Груп“, застапник за „Рено“,  го доби тендерот за набавка на 80 амбулантни возила, што го распиша Министерството за здравство. Како што најави при неодамнешната посета на Охрид министерот Никола Тодоров, дел од овие возила ќе бидат распределени  и за потребите на одделението за итна медицинска помош во Охрид.

– Возила ќе бидат доделени во сите градови каде има потреба. Во изминатите 15 и повеќе години не се набавени вакви возила, освен по пат на различни донации, нагласи Тодоров.

Договорот за набавка на нови возила за итната медицинска помош е  вреден околу 3,6 милиони евра.

OhridNews