На работните средби , на домаќините им беа презентирани културно- историските и природните реткости на Охрид, заменик премиерот на владата на Република Турција, Бекир Боздаг, изразил задоволство од добрите македонско- турски односи и најави нивно продлабочување, особено во областа на стопанството и реализирање на заеднички проекти со средства од фондовите на ЕУ. Според него, има бројни неискористени можности за реализација на проекти поврзани со заштитата на културното наследство, реставрацијата и изградба на нови објекти во областа на културата и образованието.
Турските пратеници ветиле дека ќе се ангажираат за промоција на Охрид пред потенцијалните турски инвеститори, но и за обезбедување донации за подобрување на условите во училиштата во Охрид, како и унапредување на соработката во областа на туризмот.
Заменик премиерот на Турција, Бекир Боздаг и пратениците од страна на охридската делегација добија покана наскоро да го посетат Охрид.