Охридската делегација се врати од Хрватска каде со свој штанд учествуваше на Саемот “ VIROEXPO” кој се одржа од 20-23 Јануари. Промоцијата на Охрид претставува  продолжение на  соработката со Вировитичко-Подравската Жупанија, после нивната посета на Општина Охрид во Октомври.


Штандот на Општина Охрид беше еден од најпосетените на Саемот пред се поради добрата подготовка и интересната содржина. Секако за тоа најмногу придонесоа промотивните материјали за Охрид и присуството на Климент Талев со охридскиот бисер, Кочо Аиноски- охридска резба, Фанче Сотироска- хостеса на штандот и туристички водич, како и Александар Сотироски сопственик на хотелот Ројал, информираат од Локалната самоуправа.


Штандот на Општина Охрид на Саемот во Вировитица лично го посетила и  Претседателката на Владата на Република Хрватска- Јадранка Косор.


За Охрид имало интерес од хрватските национални и локални  електронски медиуми при што се реализирани голем број интервјуа за Хрватската Радио Телевизија, Нова ТВ,  како и за печатените медиуми.

OhridNews