Четвртото издание на меѓународниот фудбалски турнир „Талент Куп“ во Дубровник, Хрватска помина во знакот на охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ која триумфираше во три од четирите натпреварувачки категории.
Охриѓани со шампионскиот трофеј се закитија во генерациите 2005, 2007 и 2008 година. Фудбалерите на „Фер Плеј“ во финалето во 2005 година ја совладаа екипата на Содертале од Шведска (2-1), во 2007 година славеа против Дубровачка минимално (1-0), а во генерацијата 2008 со 3-1 го победија тимот на Брокета.
Ниту индивудуалните награди не изостанаа. Во генерацијата 2005 најдобар стрелец беше Мартин Георгиевски, во 2007 генерација награда за најдобар стрелец му припадна на Бобан Кузманоски, а Давид Крстески беше прогласен за најдобар голман. Наградите за најдобрите ги заокружи Стефан Бујароски кој го освои признанието за најдобар стрелец во 2008 генерација.
На турнирот кој се одржа од 29 април до 1 мај учествуваа екипи од Шведска, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Албанија и Хрватска.
OhridNews