Охридската гимназија „Св. Наум Охридски“ од први од седми септември е домаќин на Летната гитарска академија.
Се одржуваат мастеркласи и предавања за солисти и педагози. Предавањата ги држат музичките педагози Стефан Шмидт ( Stefan Schmidt )од Германија, Зоран Аниќ од Србија и Дарко Багески од Македонија пред ученици и студенти од Србија, Хрватска и Македонија. Како домаќини, нашите професори и ученици имаат исклучителна можност да бидат дел од предавањата на оваа Летна академија, информираат од училиштето.
Исто така, додаваат, дека во рамките на Академијата ќе се одржат и два концерта на кои ќе се претстават младите учесници.
Инаку, Академијата е организирана од Здружението на класични гитаристи Тремоло-Скопје.
OhridNews













