
Најдобро средно училиште во Македоnија е скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“, а меѓу триесет и осум рангирани училишта од охридските средни ушилишта се најде само Гимназијата „Свети Климент Охридски“, која го завзема 17-то место. Меѓу првите десет училишта е приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, а пред охридската Гимназија на 15 место се најде уште едно струшко училиште „Д-р Ибрахим Темо“. Пласманот на Гимназијата во втората десетка е во најмала рака изненадување со оглед на тоа што ова училиште отсекогаш било во врвот по постигнатите раултати и успехот.












