Делегацијата од Шангај, НР Кина денес беше во посета на ОСУ “Св. Климент Охридски” во Охрид. Во рамки на посетата, гостите од Шангај донираа 500 книги за учениците во охридската гимназија.


Исто така, при посетата беше отворена и изложба на која преку фотографии беше претставен Шангај пред домаќините од Охрид.


Градоначалникот Александар Петрески и извршниот потпретседател на Шангајската национална асоцијација за пријателство со други земји Ванг Хиао Шу истакнаа дека Охрид и Шангај ќе ја продолжат соработката во секое поле.

OhridNews