Охридската гимназија деновиве, за прв пат, беше домаќин на вториот меѓународен натпревар по англиски јазик „ HIPPO”, на кој учество зедоа околу 100 ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од прва до четврта година.  Резултатите се очекуваат на почетокот на месец април. Учениците кои ќе се пласираат во финалето ќе продолжат со натпреварувањето што ќе се одржи на 10 и 11 мај во Лидо ди Јесоло, Италија.

Натпреварот го организираа и технички го подготвија професорките од активот по странски јазици: Марија Андреева Попоска, Дијана Толевска Георгиевска, Нела Коњановска Танеска, Даниела Спироска, Катерина Симјаноска и Ана Топенчарова Коваческа.

„ Глобал HIPPO“ е доброволно и непрофитно здружение кое преку организирање на вакви натпревари ја подигнува јазичната свест и значењето на изучувањето на странските јазици.

OhridNews