Се донираат тестенини, избрани како производ поради нивната поврзаност со Италија, италијанскиот јазик, но и поради подолгиот рок на траење и достапната цена.
Деновиве е реализирана една акција во Економското училиште, со учениците од прва и втора година. Утре, е предвидено хуманитарната акција да се одржи во гимназиската зграда.
Донациите од храна (тестенини) ќе бидат наменети за лицата со попреченост од дневните центри Порака и Добротољубие, а доколку има поголем успех и за социјално загрозените семејства.