Охридскиот хардкор-метал состав, „Хардфејсд“, на 12-ти јули ќе настапи на еден од најголемите фестивали во Европа, „Exit“, во Нови Сад, Србија.

Hardfaced кои ќе промовираат дел од својот нов материјал, сцената ќе ја делат со познати бендови од балканската и светската сцена.

Неоддамна, момците од бендот реализираа двонеделната европска турнеја низ седум држави меѓу кои Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Чешка и Унгарија.

Инаку, „Хардфејсд“ постојат од 2004-та година. Имаат издадено два албуми, учестувале на неколку балкански и светски компилации и имаат исвирено над 100 концерти. Моментално го привршуваат својот трет албум во „Кречо саунд“ студиото во Охрид.

OhridNews