Општинската организација на ЛДП од Охрид преку писмено соопштение упатено до медиумите рагира на кредитното задолжување од Светска Банка, кое го најавија од Општина Охрид.
-Заради неможноста да ги добијат финансиските инекции кои ги ветуваше Владата во предизборието за Охрид, новата власт посегна по задолжување кое, реално повеќе е симболично отколку нешто што би ги решило натрупаните финансиски проблеми. Од спин-службата деновиве постојано слушаме за задолжувањето кај Светска Банка. За жал, станува збор за два милиони евра, износ кој може од банките во Македонија да го добие една солвентна приватна компанија со добар бизнис план. Да бидеме јасни, ЛДП не ја миноризира вредноста на овие средства, но граѓаните мора да знаат дека повторно ни се случува познатата: ,,Се тресела гората се родил глушец”, реагираат од ЛДП.
Од таму додаваат дека однапред им се познати контрареакциите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ова прашање.
-ЛДП знае дека сите реакции кои ќе ги има ДПМНЕ на ова соопштение се предвидени, (стари долгови, лични дикредитации, итн. .), но потенцираме дека доколку имаат желба одговорот да го побараат кај Светска Банка, која не е политичка партија на која може да и пратат контра- реакција. Доколку се добиваше кредит со спин текстови место со проекти, Охрид оддамна ќе беше најбогатиот град на светот, велат од ЛДП.
Од таму го прашуваат Секретарот од Општина Охрид – Какви проекти презентираа во Светка Банка со кои се добија средствата?
OhridNews