По повод роденденот на еден од најголемите македонски хуманисти, Тоше Проески, вчера вечер во организација на младите од Црвен крст Охрид се одржа хуманитарна забава во кафе бар Шила. На настанот кој се одржа под мотото „Тоше во нашите срца, хуманост во нашите дела“, присуствуваа голем број луѓе од сите возрасти кои ја покажаа својата хумана страна.

За одличната атмосфера се погрижи новоформираниот охридски бенд „Lucky Strikes“ кој ги изведе најпознатите песни на Тоше, а за озвучувањето се погрижи Лабино саунд.

Фото галерија:

А.М.